ПРОМОЦИЈА

Со изведбата на “Ständchen” од Шуберт на детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” и диригентската палка на проф. Весна Димчевска започна промоцијата на книгата “Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1”.

Салата на Музејот на македонската борба беше премала да ги собере сите вљубеници на германскиот јазик.

Поздравен збор и модератор на промоцијата беше Ана Пота, професор по германски јазик, која го даде своето мислење за оваа книга преку предговор и рецензија.  

Свое мислење за ова дело дадоа:

Гоце Пероски, професор по англиски и германски јазик од СР Германија, кој директно се вклучи на промоцијата од градот Дизелдорф.

Гоце Пероски исто така даде мислење и го напиша вториот предговор за книгата.

Кети Христовска, професор по германски јазик, која заедно со својата ученичка Бојана Змејковска од ООУ “Свети Кирил и Методиј“ преку интересен дијалог ги кажаа позитивните страни на ова дигитализирано дело.

Присутните гости меѓу кои и истакнати професори, некои дури и во пензија, можеа да уживаат во еден настан за паметење, во кој се издигна начинот на изучување на германскиот јазик на едно ново, попривлечно и поедноставно ниво.